Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

OhridNews