Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец. Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Охрид ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата кон викендот ќе биде во постепен пораст.

OhridNews