Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а максималната од 25 до 31 степен.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.

Според УХМР, до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата.

OhridNews