Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а попладне долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (на места до 60км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од нула до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 31 степени.
Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Од пладневните часови и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието (на места над 60км/ч.). Дневната температура утре ќе опадне за 4 до 6 степени во однос на денешната. Во вторник и среда ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд.
OhridNews