Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 21 до 27 степени.
Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во следните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време за овој период од годината. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата се очекуваат локални врнежи од дожд.
OhridNews