Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според најавите од УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината.

OhridNews