Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Охрид времето ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 20 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност. Денеска и в сабота ќе дува слаб до умерен, а в недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews