Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 27 степени.
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
И утре времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
OhridNews