Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Охрид утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според прогнозата на УХМР, продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени.

OhridNews