Денес ќе преовладува сончево време со студено утро. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Охрид времето сончево со мала облачност. Минималната температура до -1 степен, а максималната до 13 степени.
Утре по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.
OhridNews