Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.
Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.
До петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски. Нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег ќе започне од запад од петок попладне а врнежите во најголемиот дел од земјата ќе започнуваат како врнежи од дожд.
OhridNews