Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко, минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок до среда продолжува стабилно и тивко време со магла по котлините. Во четврток и петок ќе има зголемена облачност, наместа со умерен ветер од западен правец.

OhridNews