Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Охрид сончево со мала облачност, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
УХМР информира дека од утре до вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
OhridNews