Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=7

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и услови за локален пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 27 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до ќе биде во опаѓање, велат од УХМР.

OhridNews