Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. На места значително облачно и најветровито ќе биде во вторник. Температурата во следните денови ќе биде во пораст, позначителен од средината на седмицата, прогнозира УХМР.

OhridNews