Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој краткотрајно ќе е поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. УВ=8
Во Охрид претежно сончево, кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.
За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град, велат од УХМР.
OhridNews