Претпладне по котлините и особено долж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 14 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност.
OhridNews