Во западните делови на земјава претпладне ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

OhridNews