Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремена до значителна облачност. Во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.
Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.
И во петок наместа ќе има значителна облачност, а во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава, ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.
OhridNews