Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Во Охрид сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. За време на прогнозираниот период ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.
OhridNews