Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота.

OhridNews