Утрото ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок особено од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.

OhridNews