Наутро студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 12 степени.
И утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег. Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.
OhridNews