Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Охрид сончево со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степен.

Во вториот ден од викендот ќе преовладува сончево и топло време. Потоа ќе има извесно зголемување на облачноста, а во понеделник ќе има локални врнежи дожд. Во текот на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.