Времето наутро во земјава ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Охрид, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, велат од УХМР.
OhridNews