Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со променлива облачност преку денот, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат околу нула. Во понеделник претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, велат од УХМР.

OhridNews