Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Следната недела, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер од над 70
километри на час и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.
OhridNews