Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 4, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Oхрид, утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 16 степени.
И во понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.
Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
OhridNews