Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку ден сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 2 до 4, а максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени.
Во Охрид времето денес сончево време со мала до умерена облачност. Минималните температури ќе се спуштат до еден, а максималните ќе достигнат до 14 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Од недела под влијание на влажен бран, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе се задржат над просекот за овој период од годината.
OhridNews