Сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура до 2 степени, максималната до 13.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од недела под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд и благо опаѓање на температурата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews