Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 8 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите, кои во првата половина од следната седмица ќе бидат над просекот за овој период од годината.
OhridNews