Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Охрид времето сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 18 степени.
За време на викендов ќе преовладува сончево и топло време. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови, особено во вторник ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.
OhridNews