Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.
Во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени, велат од УХМР.
OhridNews