Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Охрид слично време, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор  – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во Гевгелија, а максимални два степена се регистрирани во Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка има најмногу снег, 37 сантиметри, во Маврови Анови снежната покрива е 14, во Крушево 9, во Ѓуриште шест, во Пожаране пет и во Битола два сантиметри.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок, велат од УХМР.

OhridNews