Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. УВ=8
Во Охрид, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Во недела ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.
OhridNews