Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Охрид сончево, претпладне со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 6 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно и суво, денес со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во четврток во ноќните часови и во петок претпладне.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Потоа следува период на многу студено време, информираат од УХМР.

OhridNews