Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 29 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

И во недела ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта.

OhridNews