Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 21 степен.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на релативно топло време. Во среда од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд кои ќе завршуваат во текот на ноќта. Понекаде, особено во западните делови врнежите ќе имаат умерен интензитет и ќе има услови за појава на ретки грмежи.
Во четврток и особено во петок се очекуваат врнежи од дожд, претежно во западните делови од земјата.
OhridNews