Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. УВ=8

Во Охрид сончево и топло со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

До утре времето ќе биде претежно сончево и уште потопло. За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град, велат од УХМР.

OhridNews