Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 25 степени.
Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура нема значително да се менува.
OhridNews