Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Охрид, сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Во четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.
OhridNews