Времето денеска претпладне ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 28 степен.

Во следните денови ќе се задржи топло време со максимални температури малку над просекот за овој период од годината, но во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме, како и со услови за појава на град, велат од УХМР.

OhridNews