Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.
Во Охрид времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Во текот на утрешниот ден ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат в недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.
Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.
OhridNews