Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Како што соопштуваат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде девет.

Во Охрид времето денес сончево и топло, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

OhridNews