Продолжува периодот на сончево и топло време. До крајот нa денот се очекува појава на мала до умерена облачност. Во централните и северозападните краеви на земјата попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура денес во Охрид ќе достигне до 28 степени.
Во вторник не очекува слично време, со температура до 29 степени.
Во среда се очекува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни, информира УХМР.
OhridNews