Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во понеделник, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Охрид минималната температура ќе биде 2, а максималната 13 степени.

Сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер се предвидува и во вторник. Кон крајот на денот ќе има поголема промена на времето, проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда во пониските места ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините, врнежи од снег.

Во среда и четврток не очекува променливо облачно, студено и ветеровито време со повремени врнежи од дожд и во делови од земјата врнежи од снег. Максималната температура во Охрид ќе биде од -1 до 2 степена, а минималната од -8 до -5.

OhridNews