Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се движи во интервал од 21 до 25 степени.

Во следните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната од 19 до 26.

Г.М.