Продолжува периодот на сончево и топло време, кој според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржи до средината на седмицата, кога се очекува дестабилизација проследена со локално невреме и интензивни атмосферски празнења.

Температурата денеска во Охридскиот регион ќе достигне до 30 степени Целиуосови, а индексот на УВ зрачење ќе достигне 8.

Во вторник, исто така, ќе имаме сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе се искаши до 32 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Од среда, па во наредните неколку денови, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи помеѓу 13 и 22 степени, а дневната од 23 до 33 степени Целзиусови.

Г.М.