Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Охрид сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните часови. Поголема нестабилност се очекува во четврток, кога врнежите наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

OhridNews