Времето ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час. Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени, во Охрид до 25.
До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
OhridNews